ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИН ЗА 7 ДЕНАРИ, А БЕНЗИНИТЕ ВО ПРОСЕК ЗА ОКОЛУ 3,5 ДЕНАРИ Регулаторната комисија за енергетика го објави новиот ценовник
Според оваа одлука цената на бензинот од 95 октани се намалува за 3,50 денари по литар, за на бензинот од 98 октани за 4 денари по литар. Цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 7,00 ден, а на мазутот М-1 НС за 3,932 денари по килограм.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги намлималопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15.6.2026 година.
Според оваа одлука цената на бензинот од 95 октани се намалува за 3,50 денари по литар, за на бензинот од 98 октани за 4 денари по литар. Цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 7,00 ден, а на мазутот М-1 НС за 3,932 денари по килограм.
Како што е соопштено, на ваквото намалување на цените влијаело тоа што референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 8,216%, кај дизелот за 12,699%, кај екстра лесното масло за 12,354% и кај мазутот намалувањето е за 11,352%.
Курсот на денарот во однос на доларот, кој е еден од критериумите за цената на горивата, во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0396%.
Според тоа од вечерва на полноќ ќе важат следните цени:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 42,291 (денари/килограм)