ДЕТЕТО ШТО БЕШЕ ФРЛЕНО МЕЃУ КРОКОДИЛИ СЕ ОПОРАВУВА Мажот што го фрли е пуштен со кауција

Откако мажот го фрлил детето, сопственичката на зоолошката градина, Трејси Џонсон скокнала во оградениот простор заедно со членови на семејството за да го извлечат момчето.

0

Тригодишното момче кое беше сериозно повредено откако беше фрлено во ограден простор за крокодили во зоолошка градина во англискиот округ Кембриџшир повеќе не е во критична состојба, соопшти полицијата.

Детето се лекува во болницата Аденбрук во Кембриџ, по инцидентот во четвртокот во зоолошката градина „Џонсонс оф Олд Херст“, во близина на Хантингдон. Полицијата потврди дека детето останува во болница и е во стабилна состојба.






Момчето било гризнато од најмалку еден крокодил откако маж, кој не е поврзан со детето, го фатил и го фрлил меѓу рептилите.

30-годишен маж е уапсен под сомнение за обид за убиство. Полицијата соопшти дека мажот, од Норфолк, бил неспособен за испрашување во времето на апсењето и е ослободен со кауција до септември.

Според истрагата, не станува збор за роднина или познаник на семејството. Нападот бил случаен, а осомничениот наводно бил на организирана посета под надзор на старатели.

Откако мажот го фрлил детето, сопственичката на зоолошката градина, Трејси Џонсон скокнала во оградениот простор заедно со членови на семејството за да го извлечат момчето. Според некои извештаи наведуваат дека во спасувањето учествувале и нејзиниот сопруг и нивниот син.

Детето било извлечено пред крокодилите целосно да го совладаат, но сепак претрпело тешки повреди – скршеници на карлицата и раката, а го каснал најмалку еден крокодил.

Зоолошката градина се наоѓа во селото Олд Херст во Кембриџшир. Таа е дом на повеќе од 100 животни, вклучувајќи лавови и тигри. Лиценцираниот комплекс вклучува фарма, кафуле и месарница. Отворена е пред 20 години, а куќата за крокодили е изградена во 2009 година.

 

Поврзани содржини