ДЕНЕСКА ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ Автобусите ќе возат по неделен ред

Посебен сообраќаен режим ќе биде воспоставен на некои сообраќајници во Скопје поради атлетска трка која ќе се одржи на Водно. Жичницата денеска ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а утре нема да работи. Автобусите, поради верскиот празник Рамазан Бајрам ќе сообраќаат по неделен ред.

166

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска со почеток од 10 часот поради одржување атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.






Јавниот превоз сообраќа по неделен возен ред за време на продолжениот викенд поради верскиот празник Рамазан Бајрам. Денеска дежурни билетарници и центри за персонализација се оние кај Транспортен центар и кај Зелен пазар.

Утре дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација кај Транспортен центар, Зелен пазар, Автокоманда (Дирекција на ЈСП „Скопје“) и во Ѓорче Петров.

Жичницата денеска ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а утре нема да работи.

Од вторник (1 април 2025 година) жичницата ќе работи еден час повеќе, од 10 до 18 часот.

„Согласно со Одлуката за возен ред во април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот. Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови“, се вели во соопштението од ЈСП Скопје.

Поврзани содржини