ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО ПРЕДАВСТВО? ВМРО-ДПМНЕ бара појаснување на изјавите од типот „прво Бугари во Уставот, па сè друго”

Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет - прашува ВМРО-ДПМНЕ.

0

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение обвини дека изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго” – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство.

„Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме:






Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев?

Дали има комуникација и средби помеѓу нив?

Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет?

Дали зад уривањето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор?

Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини