ДАЛИ НОЌЕ СЕ БУДИТЕ СЕКОГАШ ВО ИСТО ВРЕМЕ? Како биолошкиот часовник на телото укажува на одреден проблем?

Според традиционалната кинеска медицина, ако се будите помеѓу еден и три часот ноќе, тоа веројатно значи дека вашиот црн дроб е преоптоварен. Ако се разбудите помеѓу три и пет часот, тоа може да се должи на нерамнотежа во белите дробови, особено во дишењето.

1,602

Традиционалната кинеска медицина нуди неколку теории за тоа зошто луѓето често се будат во одредено време во текот на ноќта.

Имено, кинеската медицина дизајнираше биолошки часовник со кој можете да ја дознаете состојбата на вашето тело. Ги покажува интервалите во кои енергијата циркулира низ телото и највисокото ниво на енергија во одредена област на секои два часа. Доколку имате проблеми со тој дел од телото, симптомите ќе ги почувствувате во тој период од денот.






Време на максимална активност на органите:

– од еден до три часот: црн дроб

– од три до пет часот: бели дробови

– од пет до седум часот: дебело црево

– од седум до девет часот: стомак

– од девет до 11 часот: слезина, панкреас

– од 11 до 13 часот: срце

– од 13 – 15 часот: тенко црево

– од 15 – 17 часот: мочен меур

– од 17 – 19 часот: бубрези

– од 19 – 21 часот: срце

– од 21 – 23 часот: почетен дел од тенкото црево што продолжува до желудникот

– од 23 – 1 час: жолчен меур

На пример, ако се разбудите помеѓу еден и три часот, тоа значи дека вашиот црн дроб е преоптоварен. Тој е одговорен за исфрлање на токсините од нашето тело и за „обработка“ на емоциите. Доколку сте се разбудиле во овој период, можеби сте консумирале премногу алкохол претходниот ден или можеби сте јаделе нешто што не ви одговарало. Ова може да значи и дека ве „јадат“ стресот и напнатоста.

Ако се разбудите помеѓу три и пет часот, тоа може да се должи на нерамнотежа во белите дробови, особено во дишењето. Нарушувањето на дишењето може да се поврзе и со негативни емоции како што се анксиозност, страв и вина.

Поврзани содржини