ЧАИР ЌЕ МУ СЕ ОДДОЛЖИ НА УМЕТНИКОТ ШТО ГО ОПЕА Општината подготвува трајно одбележје за Владо Јаневски

Советот на Општина Чаир ќе преземе институционални мерки за трајно одбележување на ликот и делото на маестро Владо Јаневски, се вели во соопштение на Општината.

0

Општина Чаир изразува најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и до целата нација по повод смртта на маестро Владо Јаневски, едно од најголемите имиња на македонската музика, чие творештво остави неизбришлива трага во музичката култура и во сеќавањата на многу генерации.

Во знак на почит кон неговиот уметнички придонес и неговата посебна поврзаност со Чаир, Советот на Општина Чаир ќе преземе институционални мерки за трајно одбележување на ликот и делото на маестро Владо Јаневски, се вели во соопштение на Општината.






Поврзани содржини