ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА ЗА 25,5% Грам од овој благороден метал во Македонија чини 6.969 денари

Денеска спот-цената на златото се спушти на околу 3.987 долари за унца, што е речиси 30% под рекордното ниво достигнато во јануари.

27

Цената на златото падна под 4.000 долари за унца, достигнувајќи најниско ниво од ноември минатата година, што ја отвори дилемата дали следи период на слабеење на неговата цена  или е тоа привремена корекција пред нов раст.

Денеска  спот-цената на златото се спушти на околу 3.987 долари за унца, што е 25,5% под рекордното ниво достигнато во јануари.






Се оценува дека причина за притисокот врз цената се зајакнувањето на американскиот долар и очекувањата дека Федералните резерви повторно би можеле да ги зголемат каматните стапки во текот на годината.

Иако дел од големите банки на Волстрит веќе ги намалија своите прогнози за цената на златото, многу аналитичари сметаат дека историското искуство покажува дека силните корекции не мора да значат крај на растот. Напротив, тие често биле вовед во нов нагорен циклус.

Според нив, осцилации на пазарот не се невообичаени и затоа нема причина за паника бидејќи клучната причина за растот на цената на златото уште е на сила.

-Централните банки и натаму купуваат злато, геополитичката неизвесност останува висока, а јавниот долг во многу земји продолжува да расте. Ова се причини што и понатаму го прават златото привлечно за долгорочните инвеститори – вели Пол Вилијамс, извршен директор на компанијата Solomon Global.

Цената на златото денеска во Македонија се намали умерено за 1.060,02 денари за унца достигнувајќи рекордни е 216.763,88 денари за унца, 6.969,90 денари за грам од  24 карати, 6.389,07 денари за грам од  22 карати и 5.227,42 денари за грам од 18 карати.

Поврзани содржини