ЖЕНАТА ШТО МУ ГО ОСВОИ СРЦЕТО НА БРЕД ПИТ Која е Инес де Рамон, мистериозната убавица што зборува пет светски јазици?

Ќе зе земат ли на крајот? Во последните денови повторно се појавија шпекулации дека парот можеби размислува за брак, но...

67

Додека љубовниот живот на Бред Пит со години беше под будното око на јавноста, последниве три години покрај него речиси постојано е една жена која успешно избегнува медиумска експонираност. Станува збор за Инес де Рамон, успешна бизнисменка од светот на луксузниот накит, за која странските медиуми пишуваат дека целосно го променила приватниот живот на холивудската ѕвезда.

Иако меѓу нив има речиси 30 години разлика, нивната врска изгледа постабилна од кога било. Инес де Рамон е родена во 1992 година во американската сојузна држава Њу Џерси, но пораснала во Женева, во семејство со шпанско потекло. Дипломирала бизнис администрација на Универзитетот во Женева, а денес е една од водечките личности во престижната компанија за луксузен накит „Анита Ко Џуелри“, чии клиенти се бројни холивудски ѕвезди.






Покрај тоа, има и сертификат за советник за интегративна исхрана. Еден од најинтересните детали од нејзината биографија е тоа што зборува дури пет јазици – англиски, француски, шпански, германски и италијански. Токму космополитскиот живот и меѓународното образование придонеле таа лесно да се снаоѓа во светот на луксузните брендови и високата мода, но и да остане далеку од типичниот холивудски гламур.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ines de Ramon (@inesdrmn)


Пред да започне врска со Бред Пит, Инес беше во брак со актерот Пол Весли, познат по серијата „Дневниците на вампирите“. Нивниот брак траеше неколку години, а по разделбата во 2022 година, таа кратко потоа беше забележана во друштво на Пит. Оттогаш нивната врска постепено стануваше сè посериозна.

Во последните денови повторно се појавија шпекулации дека парот можеби размислува за брак, но засега нема никаква официјална потврда за такви планови. Според извори блиски до парот, Инес му донела мир и стабилност на холивудскиот актер по долгите и исцрпувачки судски спорови со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли.

Двојката ретко зборува јавно за приватниот живот, но редовно се појавува заедно на филмски премиери, спортски настани и патувања, а медиумите оценуваат дека нивната врска е посилна од кога било. Во последните денови повторно се појавија шпекулации дека парот можеби размислува за брак, но засега нема никаква официјална потврда за такви планови.

И покрај гласините, и Бред Пит и Инес де Рамон продолжуваат внимателно да ја чуваат својата приватност, оставајќи јавноста да дознава за нив само преку ретките заеднички појавувања.

Поврзани содржини