БУЈАР ОСМАНИ НОЌЕ ТЕ УБИВА ДЕЊЕ ТЕ ОПЛАКУВА Токму ДУИ и Османи влијаат кој да се најде на „црната листа“ на Рама

Сите знаат дека токму Бујар и ДУИ се тие кои директно влијаат врз Владата во Тирана да ги прогласува за непријатели оние што не им се по волја меѓу Албанците во Македонија, соопшти ВЛЕН.

0

Бујар Османи се обидува да создаде впечаток дека застанал во „одбрана“ на имамот Бекир Халими и активистот Валон Бела, откако двајцата беа прогласени за „персона нон грата“ од Владата на Албанија, барајќи оваа одлука да биде преиспитана, соопшти ВЛЕН.

„Лицемерието на Бујар наликува на народната изрека: Ноќе те убива, дење те оплакува. Тоа е затоа што сите знаат дека токму Бујар и ДУИ се тие кои директно влијаат врз Владата во Тирана да ги прогласува за непријатели оние што не им се по волја меѓу Албанците во Северна Македонија“, соопшти ВЛЕН.






Ниту Халими, ниту Бела не се најдоа на „црната листа“ на Рама без влијанието на Бујар и на ДУИ, се додава во соопштението.

„Иронијата е во тоа што токму експонентите на ДУИ беа меѓу првите кои ја поздравија идејата Албанците од Северна Македонија да бидат ставени на „црна листа“ од Албанија. Оваа дволичност на Бујар нè потсетува на случајот „Монструм“, кога Бујар, по налог на Јанкуловска, во некои медиуми тврдеше дека Хаки Азири исчезнал по сопствена волја, додека во други медиуми бараше меѓународна истрага за монтирани случаи од страна на владите во кои и самиот беше министер. Но, Албанците одамна го препознаа лицемерието на Бујар и го казнија со својот глас“, соопшти ВЛЕН.

Криците на Бујар на Фејсбук се последица на неможноста да го прифати својот политички крај, по убедливиот пораз во Чаир, додава партијата.

„Со политичари како Бујар, кој денес кажува едно, а утре постапува спротивно, ДУИ нема иднина и долго време ќе остане во опозиција“, порача ВЛЕН.

Поврзани содржини