БРУТАЛНА ЛАГА Е ДЕКА АД СЛАВИЈА ОСТАНАЛА БЕЗ ИМОТ Претпријатието вреди повеќе милиони евра

Само недвижниот имот на АД Славија е вреден десетици милиони евра, а претпријатието поседува земјиште кое во иднина може да се употреби за градење на нови објекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

986

Од ВМРО-ДПМНЕ повторно предупредија на опасноста АД Славија да се продаде по исклучително ниска цена, откако од Агенција за одземен имот закажаа аукција на која ќе се продаваат акциите на компанијата.

– Вчера обелоденивме скандал, каде што власта најбрутално сака да ја продаде АД Славија за 218.535€, а целата Славија има имоти и објекти вредни над 20 милиони евра. Без  официјална проценка, без Владата, без ништо, Владата ја мести Славија за продажба на нивни блиски луѓе топтан да го земе целиот имот за 218.535€. Фатон Асани од СДСМ и Владата, вчера имаа обид да го замаскираат потенцијалниот криминал кој би се случил со продажбата на АД Славија, закажана замислете на само два дена пред Нова година, мислејќи дека никој нема да види и да чуе. Најпрвин, јавно кажаа дека имотот на АД Славија немал вредност и бил претходно  распродаден и затоа акцијата паднала од 1700€ на 51€. Тоа не е точно, тоа е распродавано е јавно, за да се отплаќаат долговите кон доверителите на тие коишто имаат побарувања. Сè што е останато е останато со многу малку долг, за разлика од оној од претходно. Да се разбереме, ова е брутална лага, АД Славија има прилично вреден атрактивен имот и земјишта и затоа сакаат да го земат за само 218.535€ – вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.






Тој додава дека само недвижниот имот на АД Славија е вреден десетици милиони евра, но и дека претпријатието поседува земјиште кое во иднина може да се употреби за градење на нови објекти.

– Објектите како што е управната зграда, магацините, старите и новите, и другите пропратни објекти на ова земјиште тука  чинат дури 9 милиони евра, на површина од околу 40.000 м2 земјиште кое се наоѓа тука, кое е во постапка за да приватизација од државно да стане сопственост на АД Славија преку службата за имотно-правни односи.. Со приватизацијата на земјиштето, дополнително би се зголемила вредноста на овој имот и  за уште неколку милиони евра – додава Арсовски.

Поврзани содржини