БРУС ВИЛИС ДЕНЕСКА ГО СЛАВИ 70-ТИОТ РОДЕНДЕН Легендарниот актер ја продолжува битката со болеста

Брус Вилис, легендарниот холивудски актер кој стана симбол на акционите херои од 90-тите, денеска го слави својот 70-ти роденден.

338

Брус Вилис, легендарниот холивудски актер кој стана симбол на акционите херои од 90-тите, денеска го слави својот 70-ти роденден. Меѓутоа, додека ја одбележува оваа значајна годишнина од животот, неговата здравствена состојба фрла сенка врз оваа прилика, бидејќи последиците од неодамна дијагностицираната болест драматично го променија неговиот секојдневен живот.

Брус Вилис беше познат и сакан од светската јавност преку улогата на жестокиот полицаец Џон Меклејн во култниот акционен филм „Умри машки“ (Die Hard) (1988), кој ги постави темелите на неговата кариера како акциона ѕвезда. Овој филм, заедно со другите хитови како „Петтиот елемент“, „Армагедон“ и „Шестото сетило“, го направи Вилис еден од најпознатите и најпочитуваните актери во своето време.






Неговата способност да се справи и со акција и со драма му обезбеди статус на холивудска икона.

Меѓутоа, сè нагло се промени во 2022 година, кога на Вилис му беше дијагностицирана афазија, невролошко нарушување кое влијае на неговиот говор и способноста за комуникација. За жал, болеста со текот на времето напредуваше во фронтотемпорална деменција, состојба која сериозно ја загрозува неговата способност да ги препознае своите најблиски и влијае на неговото однесување.

Иако повеќе не глуми, Вилис сè уште е сакан и почитуван од неговите обожаватели, кои го паметат како фраер, симбол на сила и храброст.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)


Иако се соочува со сериозни здравствени проблеми, Вилис може да се потпре на љубовта и поддршката од своето семејство. Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис, со која има две ќерки, Мејбел и Евелин, секојдневно се грижи за него, а нивните заеднички моменти често ги споделува на социјалните мрежи. Исто така, неговите три постари ќерки од бракот со Деми Мур, Румер, Скаут и Талула остануваат силна поддршка во неговиот живот, покажувајќи неверојатна посветеност на нивниот татко. И Деми Мур му е силна поддршка на Вилис.

Најстарата ќерка на Брус Вилис, Румер, ги повикала сите следбеници да му го честитаат 70-тиот роденден на нејзиниот татко. Румер додека одговарала на прашања на следбениците на Инстаграм, откри во каква здравствена состојба е нејзиниот татко.

„Тој е одличен, благодарам што прашавте“, кратко рече Румер.

Втората сопруга на Брус, Ема Хеминг Вилис, неодамна се сетила дека ги обновила заветите по повод 10-годишнината од бракот.

И покрај болеста која влијаела на неговиот секојдневен живот, Ема открила дека Вилис сè уште чувствува љубов и емоции. Често ужива во возење низ градот со возач, гледајќи љубопитно низ прозорецот, што му носи мир и спокојство.

 

Поврзани содржини