ОБЈАВЕНА Е ФОТОГРАФИЈА НА БРУС ВИЛИС ОД СВАДБАТА НА ЌЕРКА МУ Ретко појавување на актерот по дијагнозата на деменција

Актерот ретко се појавува во јавност откако му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, а сега „Вог“ објави фотографии од свадбата на неговата најмлада ќерка Талула и музичарот Џастин Аси, меѓу кои е и фотографијата на легендарниот Брус Вилис

0

Брус Вилис направи ретко појавување во јавноста на свадбата на својата најмлада ќерка Талула Вилис, која на 8 август во Ајдахо се омажи за музичарот Џастин Аси. Фотографиите од интимната церемонија беа објавени во „Vogue“, а на една од нив 71-годишниот актер ја прегрнува ќерка си, додека со другата рака го држи својот нов зет.

Во описот на фотографијата стои реченицата на Талула: – Нежен момент со татко ми и Џастин на почетокот на свадбениот викенд.






Брус во голема мера се повлече од јавноста откако во 2023 година му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција. Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис неодамна зборуваше за неговата состојба и објасни дека тој не е целосно свесен за својата дијагноза, што се поврзува со симптомот аносогнозија – неможност човек точно да ја препознае сопствената болест. Токму затоа неговото присуство на важниот семеен настан има особено емотивна тежина.

Самата свадба била одржана во дворот на семејната куќа во Хејли, Ајдахо, место кое Талула го опишува како простор каде што научила „слободно да трча“ и да сонува. Таа и Џастин првпат се запознале во јануари 2023 година, а се верија во декември 2024. Венчавката ја планирале од почетокот на годинава, а иако размислувале за едноставно бегство и венчавка во тесен круг, Талула на крајот сепак одлучила дека сака прослава со многу стил и елеганција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Особено внимание привлече нејзиниот венчален фустан на Баленсијага, инспириран од дизајните на Кристобал Баленсијага од 1950-тите. Талула испратила фотографии од негови легендарни креации, по што добила седум скици и ги избрала омилените елементи – украсите во форма на скапоцени ливчиња на здолништето и драматичниот драпиран дел околу колковите. Финалниот фустан, креиран од Пјерпаоло Пичоли, бил изработуван неверојатни 712 часа. Со него носела долги кожни ракавици, превез и големи дијамантски обетки.

Според интервјуто објавено во Vogue, најголемото изненадување на церемонијата, сепак, го приредила нејзината мајка Деми Мур. Додека младенците стоеле пред олтарот, свештеникот ненадејно најавил дека некој посебен напишал нешто за нив. Тогаш се слушнал гласот на Крис Мартин, кој отпеал специјална песна за младенците. Талула открила дека била во шок кога го слушнала првиот тон, особено затоа што уште од средно училиште е голем обожавател на „Coldplay“. Само неколку моменти претходно, таа ја избрала песната „A Message“ од бендот за своето одење кон олтарот.

Талула подоцна се пресоблекла во мини-фустан од Vivienne Westwood. Нејзините сестри Румер и Скаут носеле усогласени креации на Баленсијага, додека Деми Мур била облечена во специјална креација од истата модна куќа. Фотографиите за „Vogue“ откриваат и низа интимни моменти од викендот – од подготовките и средбата на младенците пред церемонијата, прошетки низ убавата природа, многу семејни прегратки и забава.

Поврзани содржини