БИТОЛЧАНИ „ЗАКЛАНИ“ ВО РЕСТОРАН ВО СВЕТИ НАУМ За 3 кила пастрмка платиле 14.700 денари, ама ценовникот не го виделе „за однапред“

„За 1.000 евра во Струга и факултет ќе завршиш кај Мерко и ќе ти останит ситно да нарачаш ист онаков ручек. Ама ко не се информирате пред да тргните на одмор...“ Вака се шегува охридскиот инфлуенсер Иљче Затаракоски.

1,758

Еден пост на Фејсбук, од извесен Димче Дамчевски од Битола, за цените во Охрид, предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

„Знајте з’ш мои драги охриѓани бегет гостине од кај вас, з’ш 6 возрасни и 2 деца платвиме 54.000 денари за ручек ,а истите тие луѓе во Атва – Кичево нити 4000 денари, ете зато…!!!“, напишал гостинот на ексклузивниот ресторан во Свети Наум.






За 3 килограми пастрмка гостите платиле вкупно 14.700 денари или  4.900 денари за килограм.

Не е прво лето, а нема да биде ниту последно, високите цени во охридските ресторани, кафулиња и плажи да бидат предмет на коментари и во медиумите. Приказна за овој последен „случај“ објавил и порталот Трн, а новинарот и инфлуенсер Богдан Илиевски Бетмен за тоа ќе прокоментира:

„ Ко за портал кој досега платил 22.151 евра на Фејсбук за платени реклами, кој би рекол дека ќе им е скапа пастрмката…“

И инфлуенсерот Иљче Затаракоски напиша неколку духовити коментари на темата, од кои најинтересен е следниот:

„ За 1.000 евра во Струга и факултет ќе завршиш кај Мерко и ќе ти останит ситно да нарачаш ист онаков ручек. Ама ко не се информирате пред да тргните на одмор…“

Како и да е, останува нејасно зошто „елитните“ гости на „елитниот“ ресторан навреме не се иинформорале за цените – за тоа постојат менија и ценовници, нели – па себеси да се поштедат од вакви непријатности, а јавноста од коментари против охруидскиот туризам, згора на тоа среде сезона.

 

Поврзани содржини