БЕТОНСКА ЦЕВКА МУ ЗДРОБИ НОГА НА РАБОТНИК Несреќа при изградбата на патот Кичево-Охрид

36-годишниот П.С. од селото Мороишта, со тешки телесни повреди на ногата е префрлен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

161

Сериозна несреќа се случила на автопатот во изградба Охрид-Кичево, каде работник од струшко се здобил со тешки повреди додека извршувал работни задачи.

Според информациите, на 28.04.2026 година во 09:40 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид бил донесен 36-годишниот П.С. од селото Мороишта, со тешки телесни повреди на ногата.

Како што било наведено во пријавата, несреќата се случила додека тој работел за градежна фирма од Струга на делницата од автопатот Охрид-Кичево која е во изградба. При извршување на активности поврзани со утовар и истовар на бетонски цевки, една од цевките паднала и го погодила работникот, при што му нанела сериозни повреди.

По инцидентот, повредениот бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ каде му била укажана медицинска помош.

На местото на настанот извршен бил увид од страна на екипа од СВР Охрид, како и трудов инспектор, со цел да се утврдат сите околности под кои се случила несреќата.

Поврзани содржини