БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ДЕНЕСКА КАЈ БОЛНИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ „Градски паркинг“ нема да наплаќа на 3 на јавни паркиралишта

145

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека денеска нема да наплаќа паркинг на јавните паркиралишта Клинички центар „Мајка Тереза“, Градска општа болница и Градска општа болница „8 Септември“.

Од претпријатието изразуваат длабоко сочуство до семејствата на настраданите во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани, а на повредените им посакува брзо опоравување.






– ЈП „Градски паркинг“- Скопје со своите ресурси стои на располагање за каква било помош и со таа цел претпријатието донесе одлука денес да не се врши наплата на услугата паркирање на јавните паркиралишта: Клинички центар „Мајка Тереза“, Градска општа болница и Градска општа болница „8 Септември“ – велат од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Поврзани содржини