БАКНЕЖИ И НАМИГНУВАЊА ПРАЌАЈ СИ ДОМА, ЛИГАВ ЕДЕН! Дафина Стојаноска му се нафрли на Бојан Маричиќ

На што личи ваквото несоодветно однесување на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ?! И моите колеги многу добро видоа што правеше Маричиќ. Мојот колега Никола Мицевски неодамна беше обвинет дека нападнал пратеничка, а што беше сега ова што го стори вицепремиерот? - реагираше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

10,458

Голема кавга попладнево избувна во Собранието за време на седницата за пратенички прашања, а главна актерка во кавгата беше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, која го обвини вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ дека ѝ испраќал бакнежи и ѝ намигнувал зад грб.

Таа влезе во кавга и со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска за која рече дека наместо да даде одговор на прашањата, таа држела партиски говор.






– Јас не знам како не ви е срам. Бакнежи и намигнувања само по дома да си праќаш, лигав еден. На што личи ваквото несоодветно однесување на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ?! И моите колеги многу добро видоа што правеше Маричиќ. Мојот колега Никола Мицевски неодамна беше обвинет дека нападнал пратеничка, а што беше сега ова што го стори вицепремиерот? – рече Стојаноска.

Таа влезе во кавга и со министерката Тренчевска:

– Ни 10 минути не можевте да одговорите. Ќе зборувате за ВМРО-ДПМНЕ наместо за тоа што сте го сториле. Ова е скандал. Треба да одговорите што се случува со пензионерите, до каде се нивните пензии и до кога треба да излегуваат на улиците за да протестираат. Наместо да дадете вистински одговори, вие држите партиски говори – рече Стојаноска.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ реагираше и до заменик-спикерот Горан Мисовски кој ја води седницата, а нему му замери дека не го одржува редот на пратеници кои земаат збор на говорницата.

Тој, пак, ѝ одговори дека не спаѓа во одржување ред ако министер искаже свој политички став.

– Седете на место. Нема потреба од нервоза, знаеш дека мене тешко можеш да ме извадиш од колосек. Јас немам обврска на претставниците на Владата да им го концептуирам одговорот. Не спаѓа во одржување ред ако министер искаже политички став – рече Мисовски.

Кавгата со Маричиќ подоцна продолжи и на личниот Фејсбук профил на пратеничката Стојаноска:

„Бакнежи и намигања – дома!!! Срам за двете знамиња позади!!! Срам за машкиот пол!!! Позади камера е лесно да си мачо-мен. Лигав вицепремиер“, напиша Стојаноска на Фејсбук.

Поврзани содржини