📽 АВТОБУС СЕ СМАЧКАЛ ПО СУДИР СО ДРУГ АВТОБУС ВО ОСИЕК Повредени се 20 патници, пренесени се во болница

Градоначалникот Иван Радиќ за новинарите изјави дека несреќата се случила утрово, околу 6.40 часот, кога автобус од Градскиот патнички превоз (ГПП) во Осиек запрел на семафор со 10 патници кога во него удрил друг автобус со 20 патници.

158

Два градски автобуси се судрија утринава околу 6:39 часот на раскрсницата меѓу улиците Вуковарска и Добрише Цесариќ во Осиек, Хрватска, при што околу 20 лица се повредени и пренесени во болница, објави Јутарњи.

На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош кои им пружиле прва помош на повредените.






Градоначалникот Иван Радиќ за новинарите изјави дека несреќата се случила утрово, околу 6.40 часот, кога автобус од Градскиот патнички превоз (ГПП) во Осиек запрел на семафор со 10 патници кога во него удрил друг автобус со 20 патници.

– Во болница се примени 20 повредени лица, а засега ниедно не е во животна опасност, а во тек е полициска истрага за утврдување на причините за несреќата – посочи градоначалникот.

Тој додаде дека автобусот, кој удрил во друг автобус, полицијата ќе го однесе на технички преглед, иако веќе поминал редовен технички преглед кој не констатирал недостатоци, а на снимките, споделени на социјалните мрежи, се гледа дека автобусот е во лоша состојба.

Градоначалникот Радиќ на сите повредени патници им посака брзо закрепнување.

Од болницата во Осиек потврдија дека примиле 20 повредени лица, медицинска помош е во тек, а според првичните информации ниту една од повредите не е опасна по живот.

Снимки од местото на несреќата можете да погледнете тука.

Поврзани содржини