ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ФАКТУРИРАТ САМО 37% ОД ПОТРОШЕНАТА ВОДА Најскапа вода пијат Кочанчани, а најевтина жителите на Желино
Најниската тарифа за домаќинства на државно ниво ја применува ЈПКД Мирмбајтја Желино со 14,09 ден/m³ од Полошки регион, додека највисоката тарифа ја применува КЈП Водовод Кочани со 51,16 ден/m³ од Источен регион.
Лани загубата на вода на национално ниво изнесуваат 63,05% и се помали за 0,16% во споредба со 2024 година. Дополнително забележено е и намалување од 0,33 m³ и кај просечната месечна потрошувачка на вода на домаќинствата – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален (РКЕ).
Просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода лани изнесувала 12,59 m³.
Домаќинствата од југозападниот регион имаат најмала просечна потрошувачка од 8,67 m³, додека во вардарскиот регион е најголема со 15,10 m³.
Фактурираната количина на вода во 2025 година изнесува 36,95% и е практично на исто ниво како и претходната година (36,79%).
Најниската тарифа за домаќинства на државно ниво ја применува ЈПКД Мирмбајтја Желино со 14,09 ден/m³ од Полошки регион, додека највисоката тарифа ја применува КЈП Водовод Кочани со 51,16 ден/m³ од Источен регион.
Највисок процент на неприходувана вода има во Југозападен регион од 73,00%, додека најмал процент на неприходувана вода е регистриран во Југоисточен регион 47,88%.
Процентот на покриеност со водоснабдување во 2025 година бележи зголемување во сите региони во споредба со 2024 година.
Притоа најголема покриеност има во источниот регион со 92,58%, додека најголемо зголемување на процентот на покриеност со вода за една година од над 3% е регистриран кај југоисточниот регион и изнесува 87,50%, што се толкува за резултат на инвестирањето во водоводи.
– Станува збор за проширување на мрежата преку нови инвестиции, но влијание во зголемувањето на покриеноста со водоснабдување има и трендот на приклучување на малите водоснабдителни системи од руралните средини и нивното припојување кон големата градска мрежа – велат од РКЕ.
РКЕ во 2025 година има донесено 34 решенија за утврдување на тарифи (опсег) за снабдување со вода за пиење, кои потоа ги одобрува советот на соодветните општини и 9 конечни регулаторни тарифи, што се обврзувачки за примена и се донесени откако советот не го прифатил предложениот опсег на цени.