ЏИП УДРИ ПЕШАК ВО ТЕТОВСКО Возачот излегол од возилото и се обидел да го претепа
Пешак завршил во болница по удар од џип во Мала Речица, а возачот потоа се обидел и физички да го нападне.
Во тетовското село Бозовце вчера попладне се случил инцидент во кој пешак бил удрен од возило, а потоа следел и обид за физички напад.
Според пријавата во полиција, 29-годишен маж од селото Бозовце стоел на тротоар на улицата Љуботенска кога џип со тетовски регистарски таблички, управуван од 60-годишен жител на Мала Речица, со зголемена брзина се упатил кон него и го удрило на левата нога и левата рака.
По судирот, возачот излегол од возилото и се обидел физички да го нападне повредениот пешак, но тој успеал да побегне.
Повредениот веднаш се упатил во Клиничката болница во Тетово за медицинска помош.
Полицијата работи на расчистување на случајот.