АУКЦИЈАТА ЗА ПРОДАЖБА НА АКЦИИТЕ НА АЛТА БАНКА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ Тече рокот во кој српскиот регулатор треба да се согласи за продажбата на акциите во битолската филијала

Претходно гувернерот Трајко Славески изјави дека по поминување на рокот во кој српскиот регулатор треба да даде согласност за продажба на акциите во битолската филијала на Алта банка, Народна банка со или без согласност планира да ги даде на аукција преку Македонска берза.

89

Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за продажба на акциите на Алта банката да се случи на крајот на овој месец или на почетокот на следниот.

Мицкоски рече дека истекол тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а во тек е десетдневен рок во кој треба да се даде согласност Народната банка преку аукција да ги отуѓи акциите.






Тој додаде дека по завршувањето на оваа постапка следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи, по што се очекува да биде закажана аукцијата.

Мицкоски рече дека изминатите денови лично бил ангажиран во изнаоѓање решение за банката и очекува нејзино преземање од друга финансиска институција.

-Голем оптимист сум дека ќе имаме финансиска институција, банка, која ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката. Тоа е многу важно и за доверителите и за луѓето кои имаат некаква релација со банката – рече Мицкоски.

Тој оцени дека обидите на опозицијата да создаде сомнеж дека банката ќе заврши во стечај нема да успеат и најави дека се очекува финансиска институција да стане нејзин сопственик. Според него, продолжувањето на работењето на банката е важно за доверителите и за сите кои имаат деловни односи со неа.

Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на СДСМ Обвинителството да отвори предмет за случајот, Мицкоски рече дека се согласува да биде поведена истрага за да се утврдат сите околности.

Претходно гувернерот Трајко Славески изјави дека по поминување на рокот во кој српскиот регулатор треба да даде согласност за продажба на акциите во битолската филијала на Алта банка, Народна банка со или без согласност планира да ги даде на аукција преку Македонска берза.

Поврзани содржини