АРТАН Е БЕГАЛЕЦ, А БУЈАР Е ЖЕДЕН ЗА ВЛАСТ Коалицијата Вреди порачува дека сега е ерата на Албанците

ДУИ е оставена на милост и немилост и само длабоки реформи можат да ја спасат од колапс и да излезе од бездната на криминалот во која потона, истакна Вреди преку соопштение.

568

Бујар Османи, познат по случајот „Пациент“, се фали дека ДУИ го донела законот за рестриктивни мерки за оние на црната листа. Но, заборави да спомне дека токму тие, кога технички премиер беше Талат Џафери, предложија и одобрија измени на законот за рестриктивни мерки. Токму ДУИ го смени законот со кој им забранува на луѓето кои се на црната листа на САД или Велика Британија да заземат јавни позиции, реагираше Вреди преку соопштение.

„Артан Груби, слугаа на Груевски и на Мијалков, Бујар Османи, обвинет во случајот ‘Пациент’, и двајцата заеднички во служба на класичните антиалбанци. Едниот бегалец и другиот жеден за власт, плачат и тагуваат затоа што народот ги испрати во опозиција. ДУИ е оставена на милост и немилост и само длабоки реформи можат да ја спасат од колапс и да излезе од бездната на криминалот во која потона. ДУИ мора да го прифати фактот и вистината дека сега е во опозиција и не може да диктира и да договара тендери за своите пријатели“, се вели во реакцијата.






Дојде време да се придонесе со вистината за граѓаните, а не само за џебот на неколку функционери и нивни пријатели, се вели во соопштението.

„Заврши времето на празни зборови, ветувања и измами на ДУИ, Артан и Бујар. Сега е ерата на Вреди, на конкретни акции за граѓаните и Албанците. За подобар, достоинствен и автентичен живот. Вреди ги разоткрива измамите на Османи и неговата клика“, се вели во реакцијата на Вреди.

Поврзани содржини