Армијата ангажирана во Дебар и Центар Жупа

До ангажирањето на Армијата дојде по иницијативата на Владата која претседателот Стево Пендаровски ја одобри.

372

Од тетовската касарна попладнево заминаа 50-тина припадници на Армијата кон општините Дебар и Центар Жупа. Пред тргнувањето нив ги посети министерката за одбрана Радмила Шекеринска која го посети и оперативниот центар во касарната кој ќе раководи со ангажманот на Армијата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.

– По координацијата на МВР и Армијата од тука заминуваат околу 50-тина војници и офицери, како и еден дел од Армијатра кои се веќе во Дебар ќе бидат ангажаирнаи по потреба. Главниот фокус е во моментот контрола на граничната линија. Полицијата обезбедува контрола на главните правци кон и од Дебар, го ограничува транспортот. Целта ни е да се ограничи целосно влезот и излезот во овие две општини за да се спречи ширење на вирусот, а главна задача на Армијата е конторла на граничните линии – изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.






До ангажирањето на Армијата дојде по иницијативата на Владата која претседателот Стево Пендаровски ја одобри.

– Веќе е од денеска Армијата е подготовена да се стави во поддршка на цивилните власти и на МВР. Ова е втората екипа која заминува за Дебар. Во изминатиов период во и надвор од државата сметаа дека не треба брзо да се влечат потези и дека не треба да се биде радикален. Ние како Влада имавме различен став, сметавме дека клучот во ваквите ситуации е во брзите реакции и понекогаш носевме прилично рестриктивни одлуки. Се покажа дека тоа било добро и се покажа дека заради тоа успевма досега бројка да не екскалира дрматично. Како Влада ќе продолжиме да носиме одлуки кои на прво место ќе го стават здравјето на граѓаните – рече Шекеринска.

Таа порача дека кризата може да се совлада само ако сите се придржуваат до мерките и препораките.

– Само ако сите направиме максимум. Повикот е да се вложиме сите во оваа акција. Заедно можеме да го победиме коронавирусот ако се почитуваат препораките – истакна Шекеринска

Поврзани содржини