АНГЕЛА МЕРКЕЛ КАНДИДАТКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ГЕРМАНИЈА Наследникот на Штајнмаер ќе биде избран на 30 јануари 2027 година
Функцијата претседател во Германија е главно церемонијална, а претседателот се избира од страна на сите членови на Бундестагот, заедно со еднаков број претставници избрани од парламентите на 16-те германски сојузни покраини.
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе учествува во изборот за нов претседател на Германија следната година како претставник на конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ).
Веста за вклучувањето на Меркел во изборот денеска ја пренесоа неколку медиуми.
Функцијата претседател во Германија е главно церемонијална, а претседателот се избира од страна на сите членови на Бундестагот (долниот дом на парламентот), заедно со еднаков број претставници избрани од парламентите на 16-те германски сојузни покраини.
Наследникот на актуелниот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, ќе биде избран на 30 јануари 2027 година.
Германските сојузни покраини во моментот ги избираат своите претставници за овој собир.
Коалициската влада, составена од конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц и социјалдемократите, сè уште нема постигнато договор за заеднички кандидат, пренесува ДПА.
Поранешната канцеларка Меркел, која ќе ја претставува ЦДУ од северната покраина Шлезвиг-Холштајн, неодамна изрази став дека на местото на Штајнмаер треба да дојде жена.
– Во 77-годишната историја на Сојузна Република Германија никогаш немало жена на функцијата сојузен претседател. Секој треба да се запраша дали, конечно, не е дојдено времето за тоа – изјави неодамна Меркел во интервју за Магента ТВ.