Џамбазов му одговори на Трифонов: На тренинг во „вселенската станица Ќустендил“

На Игор не е му прв пат да ги закачка нашите источни соседи, ама и не е случајност што сега му реплицира токму на Слави Трифонов.

7,360

Откако лидерот на „Има таков народ“ – Слави Трифонов изјави дека ќе направел се да испрати Бугарин и Бугарка како астронаути во НАСА, а со нив, како што рече, и еден „северномакедонски“ астронаут, веднаш пристигна одговор од наша страна.

На „поканата“ се јави македонскиот шоумен Игор Џамбазов кој вели дека е подготвен за заминување во вселената






Како што може да се види од Инстаграм, Џамбазов веќе го облекол вселенскиот скафандер, а со нетрпение го чека утрешниот ден, во 17 часот, за кога им закажа средба на колегите астронаути пред „вселенската станица Ќустендил“, за да почнат со тренинзи…

 

На Игор не е му прв пат да ги закачка нашите источни соседи, ама и не е случајност што сега му реплицира токму на Слави Трифонов. За оние што некако успеале да пропуштат, тие двајца имаат долга меѓусебна, или што би рекле Бугарите – „заедничка“ историја.

Поврзани содржини