АГЕЛЕР ГИ ПОНУДИЛА СИТЕ РЕСУРСИ НА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА „Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија“

362

Американската амбасадорка Анџела Агелер упати сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани.

„Срцето ми се кине утрово за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство го упатуваме до жртвите и нивните најблиски во ова ужасно време, а им посакуваме брзо закрепнување на повредените. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија“, наведува Агелер во објавата на фејсбук профилот на Амбасадата на САД во земјава.






Таа наведува дека ги понудила сите ресурси на Амбасадата и сета помош, на премиерот, и упатува молитви за сите оние кои страдаат денеска.

Поврзани содржини