АБАЗИ ИМ Е ВЕЧЕН ДОЛЖНИК НА СДСМ И НА ДУИ ЗА ВРТОГЛАВИОТ НАПРЕДОК ВО КАРИЕРАТА Затоа сега не гледа криминал во случајот „Мазут за ТЕЦ Неготино“

Затоа Абази не виде криминал, којшто цела јавност го виде и слушна, во предметот за набавката на мазут вредна 167 милиони евра за потребите на ТЕЦ Неготино од лицата блиски до ДУИ и СДСМ, како што се Васко Ковачевски, Ерџан Сулкоски, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски и нивните партнери – тврди ВМРО-ДПМНЕ.

0

Шефот на Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази со полна пареа си одработува за челното место на кое го ставија СДСМ и ДУИ – обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

„Како кадар на Али Ахмети, Зоран Заев, Венко Филипче, Абази ги спасува од одговорност криминалците во редовите на СДСМ и ДУИ, па така донесе одлука за стопирање на постапката за случајот „Мазут” за сторен криминал тежок 167 милиони евра“ – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.






Партијата тврди дека Абази е под лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче, како ментори на неговата професионална кариера во чие време стана шеф на ОЈО ГОКК.

„Затоа Абази не виде криминал, којшто цела јавност го виде и слушна, во предметот за набавката на мазут вредна 167 милиони евра за потребите на ТЕЦ Неготино од лицата блиски до ДУИ и СДСМ, како што се Васко Ковачевски, Ерџан Сулкоски, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски и нивните партнери.

И покрај тоа што стручни истражители од Министерството за внатрешни работи, обезбедиле релевантни докази за оваа коруптивна и криминална набавка, сепак Ислам Абази и неговата соработничка Коларевиќ од ОЈО ГООК, одлучуваат оваа истрага да биде прекината и за тоа кривично никој да не одговара.

Згора на тоа и АД ЕСМ излезе со јавна реакција во која вели дека обвинителството ги искривило исказите и наодите на вештите лица кои немаа надлежност да зборуваат за финансиската штета која е предизвикана на претпријатието.

Тоа што треба да се знае е дека Советот на јавните обвинители, по закон, има обврска да ја следи работата на обвинителите и согласно овие законски надлежности обвинителот Ислам Абази и неговата колешка Коларевиќ, треба да бидат темелно испитани и сослушани.

Заедно со нив, исто така, треба да биде истражена и постапката и начинот на којшто тие одлучуваат да го прекинат овој случај наречен „Мазут” и обвинетите, уште пред да појдат на суд, да ги амнестираат од каква било одговорност или од какво било обвинение.

Тоа е предмет за кој постојат сериозни индиции и сомнежи за криминал, корупција, перење пари, но и загадување на животната средина и со тоа и труење на граѓаните и македонската јавноста има право да го дознае секој детал за оваа набавка која, веројатно, буџетот го оштетила за 167 милиони евра, а граѓаните ги труеше со мазут кој сериозно го загадувал воздухот“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во спротивно, ќе испадне дека одредени истражувачки новинари беа поефикасни во истрагата за предметот од обвинителите Ислам Абази и Коларевиќ, на кои тоа им е работа.

Владеење на правото во државата мора да се воспостави, законот мора да важи еднакво за сите и секој кој се огрешил да одговара пред лицето на правдата.

Но, со вакви скандалозни и контроверзни одлуки за прекинување на истрагите, не се воспоставува правна држава, не зајакнува владеењето на правото и не се враќа и така ниската од 2% доверба на граѓаните во правосудството.

Затоа потребно е оставка од Ислам Абази и постапка од Советот на ЈО за него и Коларевиќ како ја донеле одлуката за стопирање на постапката за предмет од голем јавен интерес“ – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Поврзани содржини