УШТЕ ЕДНА МИСТЕРИОЗНА СМРТ НА МЛАДА ИНФЛУЕНСЕРКА ВО БРАЗИЛ Дваесет и тригодишната Виви Мота е најдена мртва, полицијата отвори истрага
Младата Бразилка, ќерка на позната дизајнерка и богат бизнисмен, беше активна на социјалните мрежи и имаше повеќе од 31.000 следбеници на Тик-Ток. Била и студентка по право, а околностите под кои починала засега не се познати.
Бразилската модна инфлуенсерка Викторија Мота е Мота Замит, позната на социјалните мрежи како Виви Мота, е пронајдена мртва во Рио де Жанеиро на 9 ноември. Имала само 23 години. Полицијата веднаш отворила истрага за да се утврдат околностите на нејзината смрт, но засега не е објавена причината за трагедијата.
– Истрагата е во тек за да се разјаснат околностите на смртта на Викторија Мота – соопштиле од полицијата.
По објавувањето на веста за нејзината смрт, нејзиниот профил на Инстаграм е деактивиран, додека објавите на Тик-Ток се заштитени како приватни. На оваа платформа ја следеа повеќе од 31.000 луѓе, со кои редовно споделуваше модни совети, комбинации на облека и моменти од секојдневието.
Виви е ќерка на бразилската дизајнерка на накит и припадничка на високото општество Ана Виторија Мота и на бизнисменот Марк Замит, основач на компанија за кетеринг услуги на спортски настани.
Покрај создавањето содржини за социјалните мрежи, младата инфлуенсерка студирала и право. Во неодамнешно интервју за медиумот „Код Рио“ зборувала за тоа како успева да ги усогласи факултетските обврски со љубовта кон модата.
Fashion Influencer Victória Motta e Motta Zammit, Known as ‘Vivi Motta,’ Dies at 23 https://t.co/KNuYVOuLrj
— People (@people) November 11, 2026
– Правото ме научи да бидам поаналитична, пољубопитна и да обрнувам внимание на деталите. Но, во модата и создавањето содржини можам да ја истражам својата најкреативна страна, да испробувам идеи, да раскажувам приказни – изјавила таа.
Од младата Бразилка се простуваат бројни пријатели и познати личности. Семејството и блиските пријатели се собрале на комеморација во крематориумот Сао Франсиско Шавиер во Рио де Жанеиро на 11 ноември.
Смртта на Виви доаѓа само неколку месеци по уште една трагична загуба во Бразил. Во август почина 33-годишната инфлуенсерка Марта Кели, која имаше повеќе од 500.000 следбеници на Тик-Ток и Инстаграм и беше мајка на три деца.
Нејзиниот сопруг Маркус Винисиус тогаш објави дека таа ја загубила битката по тешката здравствена состојба. Според медиумските извештаи, Кели на 12 август била подложена на поголема естетска операција, која вклучувала липосукција, вградување силиконски импланти во градите и затегнување на стомакот. Еден ден подоцна била пуштена од болница, но на 14 август повторно била хоспитализирана откако ѝ се слошило. Почина на 17 август. Точната причина за нејзината смрт не беше објавена.