ФИЛИПЧЕ ПРАВИ ХИСТЕРИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА ДА Ѝ НАШТЕТИ НА ДРЖАВАТА Му пречи што состојбата брзо ќе се нормализира

Кога Венко Филипче зборува за некаква одговорност, освен за пропаста на Еуростандард банка, редно е заедно со неговиот ментор Зоран Заев јавно да проговорат и да сносат одговорност за сомнителните трансфери во 2019 година на стотиците милиони евра од Венецуела, која тогаш била под санкции, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

0

Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче е сè поочигледни и истите не може да ги скрие, реагира ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата што Филипче ги изнесе против премиерот Христијан Мицкоски.

„Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки. Парите на граѓаните, штедачите, доверителите се безбедни и многу скоро ќе врати и нејзиното нормално функционирање. Токму тоа му пречи на Филипче и на СДСМ и затоа прават сè, со лаги и манипулации креираат хистерија, со цел да наштетат на процесот и да ја намалат вредноста на банката. Ова е класична саботажа со цел да се наштети на државата, правното лице и на граѓаните, што е дело казниво со закон“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.






СДСМ и Филипче се навикнати банки да бакротираат, системот да се стабилизира, граѓаните да останат без своите пари, а за сметка на тоа сопственици на фирми блиски до Заеви, да ќарат милиони, додаа ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што е случајот со Еуростандард банка, од која фирми во сопственост на братот на Зоран Заев и негови бизнис партнери како „Сара инженеринг“, „Глобал медија груп“, „Тритерол“, освен што зедоа милионски кредити без покритие, истите и не ги ни враќале. Ама затоа пак, со банкротот на банката, без своите со мака заработени пари останаа штедачите и граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата праша и за сомнителни трансфери на стотици милиони евра од Венецуела.

„Од друга страна, кога Венко Филипче зборува за некаква одговорност, освен за пропаста на Еуростандард банка, редно е заедно со неговиот ментор Зоран Заев јавно да проговорат и да сносат одговорност за сомнителните трансфери на стотиците милиони евра од Венецуела која тогаш била под санкции и пари во други земји ѝ биле замрзнати. Дали заедно со Заев премиер, а Венко министер во 2019 година знаеле и стојат зад овие трансфери со кои во Македонија се „переле“ сомнителни, односно криминални пари? Тоа е она на што СДСМ и Филипче треба да се фокусираат и да дадат одговори на македонската јавност, а не да прават сè за да го саботираат процесот кој има цел да ги заштити интересите на сите засегнати страни, а првенствено на македонските граѓани“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини