ИМ ЈА УРНАЛ КУЌАТА, ГИ ОСТАВИЛ БЕЗ НОВА Кумановски сопружници пријавиле измама од 14.000 евра

Според пријавата, изведувачот не ги исполнил обврските и одбивал да им ги врати парите.

19

Сопружниците склучиле договор за уривање на старата куќа и изградба на нов објект. Според пријавата, изведувачот не ги исполнил обврските и одбивал да им ги врати парите.

Педесет и едногодишен маж и неговата 49-годишна сопруга од Куманово пријавиле дека биле измамени за 14.000 евра од лице со иницијали М.К., со кое склучиле договор за уривање на старата куќа и изградба на нова.






Случајот бил пријавен вчера, во 12 часот, во СВР Куманово.

„Според пријавеното, тие со М.К. склучиле договор за рушење на објект и изградба на нов, но тој воопшто не започнал со градежни работи, туку само ја срушил старата куќа и одбивал да им ги врати парите“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини