ИСПРАНИ ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА ВЛЕГЛЕ ПРЕКУ ВЕНЕЦУЕЛА ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Петрушевски ги обвини Филипче и Заев дека знаеле за трансакциите

0

Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев, вели Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник денеска на прес конференција.

– 110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра. Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството – рече Петрушевски.






Според него, тогашната власт на Филипче и Заев, по сѐ изгледа била директно вклучена во овие трансакции.

– Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и ДУП-ови. Од СДСМ молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа. Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога-тогаш ќе одговараат – порача Петрушевски.

 

Поврзани содржини