„ВНУКОТ ВИ Е ПОВРЕДЕН, ТРЕБА ИТНА ОПЕРАЦИЈА“ Нов бран телефонски измами, на удар се постарите во Штип

Измамниците се јавуваат од странски телефонски броеви и ги убедуваат повозрасните граѓани дека нивни блиски имаат повреди и мора итно да бидат оперирани. Жртвите, верувајќи дека ги спасуваат роднините, ги предаваат своите заштеди.

0

Во изминатиов период во СВР- Штип има зголемен број на пријави за поголем број на кривични дела „измама“ и „обид за измама“.

Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека најчесто непознати лица од странски телефонски број се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини, внуци и слично имаат повреди и над истите треба да се изврши итна операција, за што побаруваат поголеми износи на парични средства со што ги доведуваат оштетените во заблуда, при што лицата даваат пари од своите заштеди и вршат штета на својот имот.






– СВР Штип апелира до граѓаните доколку добијат вакви или слични повици веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 за преземање на мерки и откривање на сторителите – соопштуваат од СВР-Штип.

Поврзани содржини