ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени до 20.000 денари на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и од Ресен

Од следната недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и за плаќања на продажните места со платежните картички на банката, од 10.000 на 15.000 денари, соопшти Народната банка.

1

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во банката, а не располагаат со платежни картички, соопшти Народната банка.

„Исплатата се одвиваше во најдобар можен ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на Алта банка од Прилеп, Охрид и од Ресен до филијалата во Битола и назад. Превозот се одвиваше според предвидениот распоред, а граѓаните од трите града имаа можност на полесен начин да пристапат до средствата на своите сметки“, соопшти Народна банка.






Граѓаните кои денеска ги подигнаа средствата можеа да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели, се додава во соопштението.

„Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе започнат со работа и шалтерите на Алта банка во Тетово и во Струмица. На овие шалтери, клиентите на Банката кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Истовремено, од следната недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и за плаќања на продажните места со платежните картички на банката, од 10.000 на 15.000 денари“, се вели во соопштението.

Народната банка продолжува со преземање активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на Алт банка, со приоритет да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и уредно опслужување на сите клиенти, се додава во соопштението од Народна банка.

Поврзани содржини