🎥 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) МАСАКАР ВО КРАКОВ, НАЈМАЛКУ 5 УБИЕНИ, ДЕСЕТИНА РАНЕТИ Влегол со возило на главниот плоштад и пукал по минувачите

Напаѓачот е ранет и уапсен од полицијата, а потоа е однесен во болница. Неговиот идентитет и мотивите засега се непознати.

0

Пет луѓе се убиени, а десетина се ранети во пукотница попладнево на главниот плоштад во Краков, Полска, потврди полицијата.

Напаѓачот со автомобил влегол на плоштадот и почнал да пука кон минувачите. Тој е ранет и уапсен од полицијата, а потоа е однесен во болница.






Меѓу повредените има двајца полицајци.

Идентитетот на напаѓачот сè уште не е објавен, а мотивот за нападот не е познат.

Пукањето се случило кратко по 15 часот на Ринек Глувни, главниот плоштад во историскиот центар на Краков, една од најпознатите и најпосетуваните туристички дестинации во Полска.

Според информациите од полицијата напаѓачот со автомобил влегол во прометниот плоштад и почнал да пука кон луѓето што се нашле таму. Полските медиуми претходно објавија дека возилото се движело по улицата Славковска кон плоштадот.

Пукањето предизвика паника. Луѓето избегаа од плоштадот и се засолнија во блиските продавници и ресторани.

За време на нападот беа оштетени продавница и трамвај за јавен превоз.

Голем број полицајци, пожарникари и медицински екипи пристигнаа на местото на нападот, а хеликоптер за брза помош слета на главниот плоштад.

Идентитетите на мртвите сè уште не се објавени. Не е познато колку од повредените се во сериозна состојба или дали меѓу жртвите има странски туристи.

Полскиот премиер Доналд Туск се огласи за нападот.

„Министерот за внатрешни работи редовно ме известува за ситуацијата во Краков по трагичната пукотница. Полицијата ги истражува позадината и сите околности на нападот“, објави Туск на Икс.

Полицијата сè уште не објави што е можниот мотив за нападот.

Нема официјална потврда дека станува збор за терористички напад. Истрагата за околностите на пукотницата е во тек.

Поврзани содржини