🎥 ИРАН ОБЈАВИ ВИДЕО ОД ВОЕНИ ТУНЕЛИ ПОЛНИ СО КАМИОНИ И РАКЕТИ Се закани со оружје кое ќе го изненади светот

Портпаролот на Исламската револуционерна гарда рече дека имаат и подземни ракетни градови кои тие настанале благодарение на флексибилната способност за продолжување на производството на ракети и дронови и за време на воената состојба.

1

Непријателот нема да може да го спречи Иран да произведува и да модернизира оружје ниту за момент, изјави денеска портпаролот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), бригадниот генерал Хосеин Мохеби.

Тој најави дека ако дојде до трет бран судири со САД и со Израел ќе откријат „достигнувања кои ќе го изненадат светот“.






– Постои и оружје на иранските Воздухопловни сили кое ќе биде откриено и оперативно во случај на трет бран обновување на судирите со непријателот, оружје кое ќе го изненади целиот свет – најави Мохеби на прес-конференција во пресрет на неделата на иранското Воздухопловство, пренесе агенцијата ИРНА.

Како едно од достигнувањата на Воздухопловните сили на ИРГЦ, тој го откри постоењето на подземни ракетни градови и истакна дека тие настанале благодарение на флексибилната способност за продолжување на производството на ракети и дронови и за време на воената состојба.

– Со оваа флексибилност бевме во можност брзо да го преместиме производството на ракети од површината во подземјето. Сега, со автохтоното знаење и со огромната и разновидна географија на Иран, користејќи ја оваа можност, бевме во можност да создадеме „град за производство на ракети под површината“. Тоа овозможи продолжување на производството за време на војна и под бомбардирање – рече портпаролот на ИРГЦ.

Непријателот, нагласи тој, ги брои иранските ракети верувајќи дека тие наскоро ќе се потрошат, но не беше свесен за оваа можност.

– Благодарение на технологијата што ја корисиме, овозможивм модерната противвоздушна одбрана на непријателот на Иран, вклучувајќи ги системите ТХААД и „Патриот“, да стане неефикасна – рече Мохеби.

Тој рече и дека Иран го укина своето самоограничување од 2.000 километри за дострелот на своите балистички ракети. Оваа стратешка одлука следува по директивата на иранскиот врховен водач, ајатолахот Моџтаба Хаменеи, кој претходно предупреди дека секоја закана од САД или Израел ќе се соочи со одговор без географски ограничувања.

Генералот Мохеби нагласи дека наместо празни изјави, Иран „во пракса ќе ги демонстрира овие капацитети на бојното поле“.

Иранските државни медиуми, пак, објавија снимки од подземните тунели на морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на југот од земјата. Во ходниците може да се видат камиони што носат лансери и ракети. Иранските извори велат дека во комплексот се сместени противбродски ракети и моторни чамци.

Снимката, исто така, го прикажува Абдолах Хаџи-Садеги, претставникот на врховниот лидер на Иран во ИРГЦ, како го обиколува комплексот со воени претставници. Одделни снимки покажуваат лансирање ракета, но не е потврдено дека снимката е снимена за време на обиколката.

Снимката е објавена еден ден откако САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм во Ормускиот Теснец.

🎥 САД ИЗВРШИЈА НАПАДИ ВРЗ ИРАН Вашинтон нуди 20 милиони долари за информации за нуклеарната програма на Техеран

Поврзани содржини