ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА 2026 ГОДИНА Е ПОДОБАР ОД ПРЕТХОДНИОТ Евроамбасадорот Рокас вели дека има напредок во повеќе области

Рокас посочи дека се донесени значајни закони и дека една година подоцна веќе се забележуваат резултати од преземените чекори. Сепак, нагласи дека напредокот треба да се оценува во рамките на годишниот циклус и дека, и покрај достигнатото ниво на подготвеност, се очекуваат дополнителни резултати.

0

Евроамбасадорот Михалис Рокас потврди дека извештајот од 2026 година е подобар од претходниот извештај за напредокот на Македонија. Одговарајќи на новинарско прашање тој денеска на прес конференција во Владата рече дека Македонија бележи напредок во повеќе области во споредба со претходната година, особено во дигиталната трансформација, истражувањето, науката, образованието и владеењето на правото.

Рокас посочи дека се донесени значајни закони и дека една година подоцна веќе се забележуваат резултати од преземените чекори. Сепак, нагласи дека напредокот треба да се оценува во рамките на годишниот циклус и дека, и покрај достигнатото ниво на подготвеност, се очекуваат дополнителни резултати.






Осврнувајќи се на слободата на медиумите, тој истакна дека правната рамка во оваа област се преиспитува со цел усогласување со законодавството и стандардите на Европската Унија.

Меѓу прашањата што треба да бидат опфатени ги посочи транспарентноста на сопственоста на медиумите, државното рекламирање, конкурентноста, државната помош и правата од интелектуална сопственост.

Рокас оцени дека медиумската сфера заслужува целосно внимание и дека Европската Унија внимателно ги следи случувањата. Тој додаде дека Унијата е подготвена да понуди стручна помош и совети за законските измени што треба да придонесат за зајакнување на медиумите.

Поврзани содржини