ИЗВОЗОТ ЗАКЛУЧНО СО СЕПТЕМВРИ ЗАБЕЛЕЖА РАСТ ОД 14,9% Речиси половина од извозот се реализира со пет земји

Според производите, во извозот најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и другите катализатори на носачи.

1

Извозот на стоки од земјава во периодот јануари – септември 2026 година достигнал 7,68 милијарди долари (6,62 милијарди евра) и бележи раст од 14,9% (10,8% во евра) во споредба со истиот период лани. Истовремено, увозот изнесувал 10,66 милијарди долари (9,18 милијарди евра), што претставува зголемување од 12% ( од 7,9 % во евра), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во овој период е остварен трговски дефицит од околу 2,98 милијарди долари.






Според производите, во извозот најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и другите катализатори на носачи.

Во увозот најзастапени се нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, платината и легурите на платина, другите метали од платинската група и нивните легури, како и моторните возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – септември 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,7% во вкупната размена.

Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,8 проценти во вкупната надворешнотрговска размена на земјава.

Поврзани содржини