СКОПЈЕ ГИ СЛУША ДЕТСКИТЕ ЖЕЛБИ Градот распиша новогодишен конкурс за сите до 18 години

Конкурсот „Скопје ги слуша детските желби“ е наменет за сите деца и млади до 18 години, а пријавите ќе се испраќаат по електронска пошта до 1 декември.

14

Децата и младите од Скопје до 18-годишна возраст ќе можат да ги испратат своите новогодишни желби и да станат дел од празничните содржини на градот. Град Скопје го распиша конкурсот „Скопје ги слуша детските желби“, кој почнува утре, 5 ноември, и ќе трае до 1 декември 2026 година.

Во пресрет на новогодишните празници, Градот ги повикува најмладите да ги споделат своите искрени желби и да придонесат за создавање празнична атмосфера во главниот град.






За учество на конкурсот, покрај новогодишната желба, потребно е да се наведат името и презимето на детето и неговата возраст, како и името и презимето на родителот, неговата електронска адреса и телефонски број за контакт.

Пријавата треба да содржи и потпишана согласност од родителот, која може да се преземе од официјалната интернет-страница на Град Скопје, на овој линк.

Детските новогодишни желби, заедно со потпишаната согласност, треба да се испратат на електронската адреса [email protected].

Од Град Скопје информираат дека испратените желби ќе бидат официјален дел од новогодишните содржини во градот во пресрет на Новата 2027 година, со цел да внесат позитивна енергија и да ја збогатат празничната магија.

Поврзани содржини