📽️ ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА НИКОЛИНА ПИШЕК Сопругот ја тепал, а кога сакала да си оди, ставил пиштол на маса

Во најавниот исечок од првата епизода на подкастот „Bad Advice Club“, хрватската водителка зборуваше и за предрасудите со кои се соочуваат жените што остануваат во насилни врски.

170

Хрватската водителка Николина Пишек за првпат јавно проговори за физичкото и психичкото насилство што го доживеала во приватниот живот. Во најавниот исечок од првата епизода на подкастот „Bad Advice Club“, водителката пред Миа Ковачиќ призна дека била удирана повеќепати.

– Да. Многу пати. Многу пати… Не, не сакам сега да плачам – одговори Пишек на директното прашање дали некогаш била удрена. Таа додава дека, кога ќе ги сумира сите искуства, смета дека психичкото малтретирање можеби оставило и потешки последици од физичкото насилство.






Посебно вознемирувачки е делот во кој раскажува што се случило кога сакала да му соопшти на тогашниот сопруг дека заминува. Според нејзиното сведоштво, тој седнал до неа, извадил пиштол, го ставил на масата и ја прашал за што сака да разговара.

– Тоа беше една од ситуациите. Тоа е таа суптилна порака што ја разбираш. Не рече дека ќе го употреби, само го стави на масата. Но тогаш сфаќаш некои работи – раскажа таа.

Водителката откри дека во тие моменти не се плашела толку за себе колку за своите две ќерки, бидејќи, како што рече, имало и директни и отворени закани. Не навлегува во дополнителни детали за нив, но нагласи дека се нашла во ситуации што ги доживувала како потенцијално опасни.

Таа зборуваше и за предрасудите со кои се соочуваат жените што остануваат во насилни врски. Според неа, луѓето често мислат дека е едноставно да се замине и претпоставуваат дека жената останува поради пари или некаква корист, без да разберат колку сложени можат да бидат стравот, заканите и околностите во таквиот однос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bad Advice Club (@clubbadadvice)

Со своето сведоштво Пишек отвори тема за која, како што нагласуваат и хрватските медиуми, сè уште често се зборува со предрасуди – зошто жртвите не заминуваат веднаш од насилните односи. Целосниот разговор со Миа Ковачиќ е дел од подкастот „Bad Advice Club“ и ќе се емитува на 5 ноември.

Поврзани содржини