📽️ КРАЈ НА ЕДНА ГОЛЕМА ТЕНИСКА ПРИКАЗНА Вавринка замина со три грен-слем титули
Швајцарецот во кариерата освои 16 турнирски титули, трипати триумфираше на грен-слем турнирите и стигна до третото место на АТП-листата.
Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка, освојувач на три грен-слем титули, ја заврши својата 22-годишна кариера со пораз во првото коло на АТП-турнирот во Базел. На 41-годишна возраст, тој загуби од Чехот Јиржи Лехечка со 7-5, 7-6 (2).
Во текот на кариерата, Вавринка освои 16 турнирски титули, а загуби во 15 финалиња. Најголемите успеси ги постигна во средината на минатата деценија, кога трипати се искачи на врвот на грен-слем турнирите.
Во 2014 година триумфираше на „Австралија опен“, во 2015 година го освои „Ролан Гарос“, а во 2016 година беше најдобар на „Ју-Ес опен“.
Последната од своите 16 титули ја освои во Женева во 2017 година. Највисокиот пласман на АТП-листата му беше третото место.