ПИЈАН ТЕТОВЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВНА НАСОКА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО Приведен е заедно со друштвото кое било дрско кон полицајците

59
Маж од Тетовско возел под дејство на алкохол во спротивен правец на патот Гостивар – Тетово, по што полицијата го лишила од слобода.
На 28.10.2026, по претходна пријава дека на патот Гостивар – Тетово патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки се движи во спротивен правец, преземени се мерки и на наплатна станица Тетово полициските службеници го сопреле возилото. По извршени проверки било констатирано дека возачот Б.О.(33) од селото Доброште е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,06 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода.
Полициските службеници ги лишиле и неговите сопатници А.Ј.(27) од селото Нераште и Н.А.(38) од Доброште затоа што агресивно и дрско се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Поврзани содржини