ОД МАГАЦИНИТЕ ИМ „ИСПАРИЛЕ“ РЕЧИСИ 8 ТОНИ КАНАБИС!? Откриен кусок кај фирма во Струмичко што одгледува марихуана за медицинска намена

За 7.813,49 килограми сув цвет од медицински канабис правното лице не располагало со соодветна документација и покритие – соопшти МВР.

146

Речиси осум тони сув цвет од канабис недостигаат од магацини на фирма во Струмичко, која се занимава со одгледување канабис за мемдицински потреби, констатирала контрола на СВР Струмица, заедно со претставници на Министерството за здравство.

По контролата, СВР Струмица поднела кривична пријава против правното лице од село Борисово, општина Ново Село и против В.К. од село Ново Село, со престој во Струмица, управител на пријавеното правно лице. Пријавените се товарат за сторени кривични дела по член 95-в став 1, односно член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.






„При извршена контрола во простории на правното лице каде што бил складиран сувиот цвет од медицински канабис, полициски службеници од СВР Струмица и службени лица од надлежната комисија при Министерството за здравство утврдиле дека има недостиг на документација поврзана со ангажираниот кадар, недостиг на друга задолжителна документација, како и недостиг на 7.813,49 килограми сув цвет од медицински канабис, а за која количина пријавеното правно лице не располагало со соодветна документација и покритие“ – се наведува во соопштението објавено на фејсбук страницата на МВР.

Поврзани содржини