ВИНИЧАНЕЦ ЌЕ ДОБИЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЕДНА СЕМКА OД КАНАБИС Му ја пронашле при претрес во домот
При проверката биле пронајдени и одземени метална дробилка и семка марихуана – информира МВР.
Една семка марихуана била пронајдена при претрес на домот на 25-годишен жител на Виница, по што против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.
Претресот бил извршен на 16 октомври, со судска наредба, од страна на полициски службеници од ОВР Виница. При проверката биле пронајдени и одземени метална дробилка и семка марихуана.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.