ЗЕЛЕНСКИ ПОСТАВУВА УСЛОВИ ЗА МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ На масата мора да седи и Европа, покрај САД и Русија

Украина инсистира европските земји да бидат вклучени во преговарачкиот процес и ниту една од нив да не биде исклучена од донесувањето одлуки, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.

256

Украина очекува во ноември да се одржат трилатерални разговори со учество на претставници на Украина, САД и Русија, но и Европа мора да биде вклучена во дипломатскиот процес и да учествува во донесувањето одлуки за завршување на војната, рече денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Украина инсистира европските земји да бидат вклучени во преговарачкиот процес и ниту една од нив да не биде исклучена од донесувањето одлуки – порача Зеленски.






Тој наведе дека Украина планира во наредните недели да воспостави нови контакти со клучните европски земји и додаде дека продолжува да ги координира активностите со САД и другите партнери за организирање дипломатски средби.

Поврзани содржини