НОВА РОМАНСА ВО СВЕТОТ НА ПОЗНАТИТЕ Бившиот на Жизел Бундшен тајно се гледа со ангелот на „Викторија сикрет“

Поранешната ѕвезда на американскиот фудбал Том Брејди и супермоделот Кендис Свонепул наводно се во врска веќе неколку месеци. Според американските медиуми, двајцата живеат во Мајами и се трудат да ја сочуваат романсата подалеку од очите на јавноста.

54

Том Брејди (49), седумкратниот шампион во Супербоул, наводно започнал врска со 38-годишната јужноафриканска манекенка Кендис Свонепул, позната како еден од ангелите на „Викторија сикрет“. Веста првично ја објави „Ју-Ес викли“, повикувајќи се на неименуван извор, а подоцна ја потврди и магазинот „Пипл“.

– Тие двајца се заедно веќе некое време. И двајцата живеат во Мајами, што им ја олеснува врската. Поминуваат многу време заедно – изјавил извор за „Пипл“.






Според истиот извор, Свонепул внимателно го чува приватниот живот и само мал број луѓе знаат за нивната врска. Кога се среќаваат, наводно прават сè за да избегнат да бидат забележани. Ниту Брејди ниту манекенката досега јавно не ја коментирале информацијата, а нивните претставници не одговориле на барањата за коментар.

Брејди беше во брак со супермоделот Жизел Бундшен од 2009 до 2022 година. Заедно имаат син и ќерка, а тој има и постар син од претходната врска со актерката Бриџит Мојнахан. По разводот, неговото име се поврзуваше со неколку познати жени, меѓу кои манекенката Ирина Шајк и инфлуенсерката Аликс Ерл.

Свонепул, пак, повеќе од една деценија беше во врска со бразилскиот модел Херман Николи. Тие се свршија во 2015 година, но се разделија во 2018 година. Имаат два сина, а манекенката во последните години ретко зборува за својот љубовен живот.

Брејди претходно изјави дека нема многу време за приватниот живот, бидејќи е посветен на работата и децата. Сега, според медиумските извештаи, се чини дека во неговиот живот сепак има место и за нова романса.

Поврзани содржини