САД ПЛАНИРААТ ДА ЈА УПОТРЕБАТ „МАЈКАТА НА СИТЕ БОМБИ“ ПРОТИВ ИРАН Тоа е најмоќната ненуклеарна бомба во американскиот арсенал

Според неименувани официјални лица, постојат дилеми за нејзината ефикасност во остварувањето на стратешките цели поставени од Вашингтон.

168

Доколку претседателот Доналд Трамп нареди продолжување на конфликтот со Иран, војската на САД има изготвено планови за напади врз иранската енергетска инфраструктура и нуклеарните постројки, планови што би можеле да вклучуваат употреба на бомбата ГБУ-43/Б, позната како „Мајката на сите бомби“, јави „Си-ен-ен“.

Евентуалната употреба на најголемата ненуклеарна бомба во американскиот арсенал би претставувала значителна ескалација на конфликтот.






Според неименувани официјални лица, постојат дилеми за нејзината ефикасност во остварувањето на стратешките цели поставени од Вашингтон.

Трамп се соочува со притисок да стави крај на војната, која е крајно непопуларна во јавноста, додека републиканците се подготвуваат за можни политички последици на претстојните избори за Конгресот. Во исто време, по повеќе од шест месеци американски бомбардирања, има малку показатели дека двете земји се блиску до постигнување договор за прекин на конфликтот.

Поврзани содржини