НЕМА ДОКАЗИ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА НАПАДНЕ ЧЛЕНКА НА НАТО Руте не гледа директна закана од Москва

За време на неговата посета на Талин, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте ја пофали Естонија за издвојувањето на 5 проценти од бруто домашниот производ за одбраната и за поддршката на Украина, нагласувајќи дека земјата поставува стандарди за другите членки.

89

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека Алијансата не гледа непосредна закана за својата територија и дека нема докази дека Русија има намера да нападне која било членка на воениот сојуз.

За време на неговата посета на Талин, Руте ја пофали Естонија за издвојувањето на 5 проценти од бруто домашниот производ за одбраната и за поддршката на Украина, нагласувајќи дека земјата поставува стандарди за другите членки на НАТО.






Тој додаде дека руските хибридни напади нема да ги заплашат сојузниците.

Естонската премиерка Кристен Михал изјави дека членството на Украина во НАТО ќе претставува најсилна безбедносна гаранција за Естонија на долг рок.

Пристапувањето на Украина во НАТО во моментов не е на дневен ред, поради противењето на одредени членки, вклучувајќи ги и САД.

Поврзани содржини