В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од вторник се очекува снег на планините

Температурите утре ќе достигнат до 28 степени, но попладне се очекуваат локални поројни врнежи и засилен ветер. Циклонската активност ќе продолжи до средината на следната недела, со заладување од понеделник.

120

Утрото во сабота, 10 октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.

Температурите ќе бидат во интервал од 10 до 28 степени.






Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Под влијание на циклонска активност, до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар, особено во недела.

Локално ќе има невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Од понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во опаѓање. Во вторник, под влијание на постуден бран, врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.

Поврзани содржини