ДВАЈЦА ЗАТВОРЕНИЦИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО АМБУЛАНТАТА ВО „ИДРИЗОВО“ Едниот бил прободен со остар предмет

Повредениот осуденик итно е префрлен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

21

Двајца осуденици вчера се степале во амбулантното одделение на затворот „Идризово“, при што едниот од нив бил прободен со остар предмет и морало да биде пренесен во болница.

„На 05.10.2026 во 19:45 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 18:35 часот во амбулантното одделение во установата, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу осудениците М.М.(28) од скопско и Р.Е.(41) од Битола, кој употребил остар предмет и му нанел повреда на М.М., по што бил пренесен во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти Министерството за внатрешни работи.






Поврзани содржини