ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА 76-годишен охриѓанец нападнал член на семејството
При увидот и претресот на неговиот дом, извршен со судска наредба, полицијата го пронашла и одзела пиштолот.
Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 19:15 часот на улица „Кленоец“ во Охрид го лишија од слобода И.С. (76), откако претходно во семејниот дом физички нападнал член на неговото семејство, а потоа испукал два куршуми во воздух од пиштол.
При увидот и претресот на неговиот дом, извршен со судскса наредба, полицијата го пронашла и одзела пиштолот.
По целосно расчистување и документирање на настанот, против И.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.