МЕЛОНИ ОТВОРА ПРАВНА БИТКА ЗА ЗАШТИТА НА СОПСТВЕНИОТ ГЛАС Фразата „Јас сум Џорџа Мелони“ може да ѝ стане заштитен знак

Италијанската премиерка побара правна заштита за кратка снимка од сопствениот глас. Зад необичниот потег стои многу посериозна приказна со вештачката интелигенција и лажните содржини.

83

Италијанската премиерка Џорџа Мелони поднесе барање до Канцеларијата на ЕУ за интелектуална сопственост за регистрација на нејзиниот глас како заштитен знак. Барањето содржи снимка долга 4 секунди на која таа ја изговара фразата „Јас сум Џорџа Мелони“.

Фразата потсетува на говорот со кој Мелони привлече големо внимание на политички собир во 2019 година: „Јас сум Џорџа, јас сум жена, јас сум мајка, јас сум Италијанка, јас сум христијанка!“






Но зад навидум необичното барање стои проблем што Мелони веќе го почувствувала лично. Изминатите години на интернет се појавуваа манипулирани фотографии со нејзиниот лик, а дел од нив биле претставувани како автентични. Меѓу нив имало и лажна фотографија на која премиерката била прикажана во долна облека.

– Јас можам да се одбранам, но многу други не можат – изјави Мелони во мај, откако на интернет повторно се појавија нејзини лажни фотографии.

Италијанската премиерка од 2024 година води и судска постапка против човек кој направил и објавил лажни порнографски фотографии со нејзиниот лик.

Регистрирањето на гласот, сепак, не би значело дека Мелони автоматски ќе може да ги запре сите негови имитации создадени со вештачка интелигенција. Доколку барањето биде одобрено, заштитниот знак би ѝ дал дополнително правно средство против одредени форми на неовластено користење на нејзиниот глас.

Поврзани содржини